Колку вистински трошат возилата на PSA во реални услови

ОБЈАВЕНО НА:

Наместо досегашните фабрички податоци, во иднина сите авто производители ќе мора да ги декларираат вистинските потрошувачки на автомобилите што ги продаваат. Француски PSA е првиот што почна јавно да ги објавува податоците од направените тестирања. По 18 месеци тестирање на 60 возила со над 430 тестови на патот со повеќе од 40 000 км, PSA Group, FNE, T & E и Bureau Veritas го објавија детален извештај со резултатите од нивните истражувања за потрошувачката на гориво во реални услови.

Студијата има толерантна грешка од само ± 3%. Приближно резултатот одговара не само на внатрешните податоци на PSA Group, собрани од нивните тестови, туку и од информациите, поставена од самите возачи во јавните веб-базирани регистри како германскиот www.spritmonitor.de. Резултатите на spritmonitor се во рамките на ± 0,2 литри на 100 изминати километри.

Истражувањето на потрошувачката на гориво во реални услови започнува во крајот на 2015 година и се прват усилби да се покријат 80% од модлеите на возилата што се продаваат од марките Peugeot, Citroën и DS, како за патнички, и за лесни комерцијални возила.

Тестовите извршени со патнички возила покажуваат просечна потрошувачка на гориво од 5.8 литри на 100 км и потврди просечна разлика од 1,74 литри во однос на официјално одобрените податоци.
Мерењата направени според протоколот ги даваат следните важни информации:
• Тестовите покажуваат дека вградениот компјутер обезбедува сигурни информации за возачот.
• Дизелско возило троши 1,5 л. на 100км. помалку од бензинско возило.
• Во градски услови разликата помеѓу сертифицираните и реалните податоци е еднаква за дизел (2,4 л / 100 км) и бензин (2,5 л / 100 км), кога се изразува во литри / 100 км, но е поголема за дизел (53%) во споредба со бензин (42%) кога се изразени како процент.
• Економијата на дизел возилото е помалку под влијание на стилот на возење од бензинскиот автомобил.
• Потрошувачката на гориво е помала кај автомобилите со рачен менувач од автоматски (- 0,4 л / 100 км).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK