Одличен резултат на електричниот Fiat 500 – освои максимални 10/10 на Green NCAP тестовите

ОБЈАВЕНО НА:

Помалку познато е дека покрај Euro NCAP од 2019 година се спроведува и Green NCAP тестот кој има за цел да го оцени влијанието на возилото врз околината, во поглед на екологијата. Последен електричен авотмобил кој се најде на овој тест беше Fiat 500 кој предизвика позитивно изненадување.

Овој автомобил е првиот кој освои максимален скор по однос на сите три параметри оваа година, а со тоа и повеќе од заслужени максимални 5 ѕвезди во вкупниот рејтинг. 10 од 10 освои по однос на чистиот воздух, енергетската ефикасност и стаклена градина.

Со ова, овој мал градски автомобил заедно со Hyundai Kona и Renault ZOE се единствените кои имаат освоено максимален скор по однос на сите три параметри, а досега вкупно 5 ѕвезди имаат освоено 5 електрични автомобили. Покрај наведените два и Fiat 500, други автомобили кои може да се пофалат со тоа се Hyundai Nexo и VW ID.3.

Ова е големо признание за Fiat особено ако се знае дека во целост овој електричен автомобил е дизајниран и развиен во Торино, а речиси сите компоненти се произведени во Италија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK