Покрај другите новитети на штандот во Франкфурт, од Volkswagen стигнува и најавата дека таму ќе биде и премиерата на обновениот Golf Sportsvan. Есенва ќе почне и примањето на нарачки за возилото, прво во Германија.
Иако за деталите ќе треба да чекаме до 12 септември кoга почнува саемот познато е дека во понудата на мотори ќе бидат три нови TSI бензински агрегати, и два TDI дизелски мотори со Active Cylinder Managment.
Возилото е пред сѐ за оние што го сакаат Golf, а сепак бараат дополнителен простор и товарен волумен. Возилото има доста системи за помош, нова генерација инфо-забавен и комуникациски систем со функција за контрола со гестови. Освежен е и дизајнот на екстериерот, има нови браници, нови фарови, диоди дневни светла, стандардни диоди задни светла, нови бандажи, бои и други.
Во опремата на Golf Sportsvan можат да бидат вклучени исто така и неколку нови системи за помош, вклучувајќи и препознавање на пешаци, како дел од пакетот Front Assist со функција за автоматско активирање на системот за сопирање при движење во градски услови, Traffic Jam Assist систем за автоматско паркирање/сопирачка, најновата верзија на системот за помош при паркирање и друго.