Ланецот на супермаркети Лидл неодамна најави продажба на автомобили во Германија. Како и обично цените се дисконтни. Лидл во 2016 гдина во рекорден рок го продаде Fiat 500. Сега се обидува со експеримент за три модели, но само во Германија.
Овие автомобили се нудат во облик на лизинг кој трае 48 месеци. За оваа комерцијална операција Лидл исто така се здружи со фирма за изнајмување на автомобилот Sixt.
Вкупно се нудат три модели. првиот е Renault Twingo (Life) кој се продава за само 99 евра месечно. Другиот е Renault Clio 5 (Life) кој се нуди по цена од 109 евра месечно додека трет е кросоверот Kia Stonic кој се продава по цена од 135 евра месечно.
Иако првите две возила од Renault се послабо опремени, Kia Stonic не е на истото ниво и нуди Vision опрема која има алуминиумски тркала од 17 инчи, Apple CarPlay и Android Auto itd. Покрај тоа Лидл нуди услуги како што се испорака на возила, договор за одржување од 20,80 евра месечно, па дури и обезбедување. Може да се претпостави дека лизингот за автомобили на Лидл подоцна ќе се прошири и во други земји низ Европа.
Во меѓувреме, имајте на ум дека и други трговски ланси работат слични работи како E.Leclerca кој изнајмува автомобили. Тие во март-април 2021 година ќе ја изнајмуваат новата Daciа Spring по цена од само пет евра од ден. другите модели во каталогот се Renault Twingo, Renault Clio, Fiat Tipo itd.