ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021: Toyota Yaris

ОБЈАВЕНО НА:

Во тек е он-лајн ( https://coty.mk/#vote ) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на Жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март.

Националниот избор за „Автомобил на годината во Македонија“ годинава се одржува по 26. пат. Согласно условите за учество во Изборот, Националното жири, за 2021 година одбра осум возила кои влегуваат во финалето.

Во тек е он-лајн  ( https://coty.mk/#vote ) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на Жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март.

Претставувањето на финалистите е по случаен избор. Онлајн гласањето трае до 28 февруари 2021 година до 23.59 часот.

Првата генерација на Toyota Yaris ја понесе титулата автомобил на годината во Европа за 2000-та и веднаш го освои пазарот. Оттогаш секоја генерација на јапонскиот градскиот автомобил наоѓаше своја бројкна клиентела, а најновата генерација донесе многу новини.

Навистина новиот Yaris е подобар од кога и да е. Започнувајќ од дизајнот, потоа напредните и чисти технологии, … сé е проектирано на највисоко ниво во класата. Новата TNGA платформа овозможува вградување и на електрифицирани погони и ја зголемува ригидноста на структурата а со тоа и безбедноста.

Новиот Yaris се задржува на должината по четири метри (3.940 x 1.695 x 1.505) mm, како и со растојание помеѓу оските од 2.550 мм се позиционира вo во средината на „Б“ сегментот.

Со својот динамичен и модерен дизајн со моќни линии се наметнува на прв поглед. Внатрешноста е со модерен дизајн и со квалитетни материјали нудејќи комфорно и пријатно возење.  Toyota се откажа од дизел агрегатите па и новиот Yaris е опремен само со бензинци или со хибриден погон.

Бензинците се со три цилиндри, со работен волумен од 1,0 и 1,5 литри, со моќност од  72 КС (93 Nm) за послабиот и 125 KS (153 Nm) за посилниот бензинец. Базичниот агрегат е спарен со пет степен мануелец, а  посилниот брои до шест степени или е опремен со CVT менувач, а силата се пренесува на предните тркала.Најновата хибридна моторизација е составена од 1,5 литарскиот бензинец, со 92 КС, со системска моќност од 116 КС.

Опременоста е на ниво од безбедносни и системи за асистенција ќе ги спомнеме: pre collision system, rear cross traffic alert, blind spot monitoring, emergency steering assist, lane depart alert, lane track assist и adaptive cruise control, систем сензори и камери, електрична сопирачка, автоматска двозонска клима, волан со греење, 10 инчен колорен екран, навигација, head –up дисплеј, безжично полнење на мобилен …

Се нуди со шест пакети на опрема: Light, Fancy, Stile, CHIC, CHIC XTRA и Premiere Еdition со стартната цена на влезниот модел која е позиционирана на 12.450 евра.

______________________________________________________________________

Повеќе за Изборот, онлајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата www.coty.mk

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK