Возилата на Mercedes ќе се паркираат сами без возач во кабината

ОБЈАВЕНО НА:

Борбата да се понуди нешто повеќе од конкуренцијата, и да се бидепрв во воведувањето на нови технолигии ги тера сите производители да бидат поиновативни и да смислуваат начини да бидат различни. Mercedes по една работа од следната година ќе биде единствен.

Заедно со Bosch е направен автоматизиран паркинг сервис во повеќекатната гаража што ја користат посетителите во музејот во Штутгарт. Сервисот им овозможува на патниците да го остават својот Mercedes, а тој самостојно да пронајде паркинг место. Не се работи само за автомобилот, туку и за зградата.

Сензорите што се инсталирани на паркингот го надгледуваат целиот простор, како и автомобилот и речиси помагаат во наведување на автомобилот кон одредено паркинг место. Автономниот систем на возилото дополнително помага со тоа што врши безбедни автономни маневри при влегување и излегување од паркингот.

Сѐ се контролира преку апликација на мобилен телефон. Пред да биде промовиран автоматизираниот систем на паркирање ќе биде ставен на темелно тестирање и фаза на проба со помош на одбрани возила, а сѐ под контрола на локалните власти.

Ако сѐ биде како што треба конечното одобрување ќе дојде во 2018 година, па и тогаш ќе го имаме првиот паркинг систем на светот без присуство на возач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK