Во Сирија пет години не бил продаден ниту еден нов автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Пет години едно по друго во Сирија не беше продаден ниту еден нов автомобил. Причината? Сириската граѓанска војна.

Станува збор за периодот помеѓѕ 2013 и 2017 година кога буквално не е продаден ниту еден нов автомобил.

Војната официјално започна на 15 март 2011 година, а во таа година биле продадени речиси 40.000 нови автомобили што е пад од 54,30% во споредба со претходната кога беа продадени 87.525 нови автомобили. Во 2012 година беше остварен пад од 87,40% и беа продадени 5.040 нови автомобили.

По петтогодишиот период без продажба, во 2018 година е остварена продажба од 7.800 нови автомобили, а минатата од речиси 13 илјади со што може да се заклучи дека полека, но сигурно бележи пораст.

Инаку во војната досега се загинати помеѓу 384.660 и 577.000 војници и цивили, а над 5 милиони се раселени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK