Audi ќе прави RS Q5 „ѕвер“ oд 450 КС

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на следната година Audi ќе го претстави моделот RS Q5, но никој нема официјална потврда каков мотор ќе се користи. Германските медиуми тврдат дека компанијата дала потврден одговор за она што треба да биде вградено под хаубата.

Овој СУВ треба да има 2.9 V6 TFSi би-турбо мотор што го има и во моделот RS5. Перформансите треба да бидат речиси исти, па и RS Q5 ќе развива 450 КС и 600 Нм вртежен момент. До „стотка“ ќе забрзува за помалку од пет секунди.

Брзината ќе му биде ограничена на 250 км/ч. Се очекува и по агресивна внатрешност, поголеми тркала, спортски седишта. Наскоро треба да има и повеќе детали за овој „ѕвер“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK