Амбициозен план: Hyundai сака да биде број 1 во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

На премиерата на моделите Hyundai i30N и i30 Fastback од страна на корејскиот производител беше објавен и амбициозниот план за европскиот пазар. Hyundai сака да биде најпродаван автомобилски производител во Европа до 2021 година. Тоа се четири години од сега, што значи дека допрва почнува офанзивата на Hyundai.

Од компанијата тврдат дека остварувањето на тој план може да се направи со квалитет, пристапни цени и пред сѐ онлајн продажна тактика по примерот на Tesla.
„Сакаме на луѓето да им ги поедноставиме работите, зато аи сме најдобри во Европа во однос на задоволството на купувачите, велат од Hyundai.

Лани Hyundai беше на 16. место на најпродавните автомобилски производители во Европа со 503.396 возила. За да може да се вклучи во борбата во врвот треба да им атрипати подобра продажба, односно да стигне до најмалку 1,5 милиони возила годишно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK