Нови рекорди на Porsche

ОБЈАВЕНО НА:

За да може да се зголемува продажбата на возила од некој бренд потребно е истите да се квалитетни, да имаат имиџ, но и да има голем избор. Porsche е познат по производството н аспортски модели, но откако реши да ја збогати понудата и со СУВ модели како Macan и Cayenne, и со моделот Panamera. И сите тие помогнаа за нови продажни резултати на компанијата.

Во првите шест месеци од годинава зголемена продажбата за 7 отсто во однос на истиот период лани. Сега испорачани биле 126.497 возила.
Најголем пораст во продажбата има кај Macan со 11 отсто за првите шест месеци, достигнувајќи ја бројката од 50.000 возила. Потоа следува Cayenne со 35.601 испорачано возило. Продажбата на Panamera е зголемена 54 отсто, а добро поминуваат и моделите 718 Boxster и 718 Cayman.

Најголеми пазари за Porsche се Азија, Пацифик, Африка и Среден Исток со продажба од 50.097 возила за првите шест месеци, што е пораст од 10 отсто, од што 35.864 возила се испорачани во Кина што е подобрување од 18 отсто пораст.
Во Европа има пораст од 6 отсто, и вкупните испораки се 42.972 возила, од што 15.474 во Германија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK