Болид со знакот на BMW повторно ќе се појави на тркачките патеки, и тоа веќе од сезоната 2018/2019. Баварскиот производител реши да се вклучи во првенството на електрични болиди, Formula E, и ќе биде вториот производител што ќе влезе во првенството, по Audi чии болиди се од оваа сезона дел.
Според BMW, оваа Formula Е е одлична лабораторија за развој за технологијата на производните електрични моторои, и тие ќе го користат нивното вклучување во оваа серија во развојот на iNEXT и следната генерација на BMW i моделите.
Тркачките болиди целосно ќе користат електричен погон на BMW, шасијата ќе биде на Andreti Formula E тимот.