Новиот кросовер на Haval што го има името Da Go, („Големото куче“) целосно ги оправдува надежите што му ги доделува кинескиот производител. Само три дена по почетокот на продажбата на 28 септември, моделот стигна до над 3.000 продадени примероци или 1.000 дневно, што значително ги надминува очекувањата.
Автомобилот веднаш предизвика интерес дури и надвор од Кина со својот дизајн и модерни технологии. Da Go нуди две модификации со мотор од 1,5 литри (169 КС) или 2,0 литарски (196 КС) и 7-брзински роботски менувач. Двојниот менувач со заклучен заден и централен диференцијал се плаќа одделно.
Во моментов, Da Go се продава само во Кина, но доколку продажбата продолжи да оди толку добро, Haval планира да го извезува и во странство. Основната верзија чини 119.900 (15.128 евра) и најдобрата модификација – 142.900 јуани (18.025 евра).
Haval станува се поценет бренд во Кина, а полека тоа се пренесеува и во Европа.