Електрификацијата станува подостапна – Официјално претставен Dacia Spring

ОБЈАВЕНО НА:

И романскиот производител влезе во светот на електричните возила. Иако најголема заслуга за тоа има Renault, сепак Dacia демонстрира дека е повеќе од само обичен бренд.

Откако во март го прикажа концептот и го најави продукцискиот модел, Dacia конечно го претстави продукцискиот модел.

Што се однесува до самата архитектура, ова возило се базира на истата онаа како и Renault K-ZE кој се произведува во Кина и е достапен на кинескиот и останатите азијски пазари. Оттука должината изнесува 3.734 мм, ширината 1.770 мм, висината 1.516 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.423 мм.

Dacia Spring

Spring располага со електромотор од 33kW кој продуцира 45 КС и 125 Nm обртни моменти. Најголемата брзина е ограничена на 125 км/ч додека автонмијата со едно целосно полнење на батеријата од 26,8 kWh изнесува 225 км однсоно 295 км според WLTP стандардите за градски циклус.

100% полнење на една батерија на куќен полнач трае 14 часа додека со помош на Wallbox од 7,4 kW изнесува 5 часа.

Во производство влегува кон крајот на годината додека почетните цени официјално не се познати. Се шпекулира дека почетната цена во Франција ќе изнесува 15 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK