Богатите Арапи се познати по својата љубов кон автомобилите, особено оние „бесни“ и скапи. А кога тие нешто ќе посакаат, можат и без проблеми да го добијат, па ако треба и само за нив да се произведе.
Рачно изработен и дополнително модифициран модел на Ford Mustang, но „вкрстен“ со американски камионет Ram си нарача шеикот Хамад бин Хамдан ал Нахјан. Неговите желби надминаа некои граници, па се доби Mustang 4×4.
Шеикот својата замисла му ја претстави на дизајнерот Хусеин Ал Багали кому му требало неколку месеци да ја реализира нарачката. И така се роди најнеобичниот Mustang на светот.
Се користел американски камионет Ram од 2015 година со 6.4 литарски Hemi V8 мотор што е надограден на каросеријата на Mustang, a обликувана е каросеријата да потсетува на класичните автомобили од 20-те години од минатиот век.