Почнаа засилените мерки: Паркирање „за пет минути“ може да ве чини 180 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Ако решите возилото да го оставите само „пет минути“ додека од банкомат извадите пари, уплатите ливче во кладилница или само да купите нешто од трафиката може да ве чини казна. Во зависност од тоа каде сте се паркирале за „пет минути“ а бидете фатени од комуналните редари и нспекцијата, или полицијата казната може да биде и до 180 евра во денарска проивредност.

Изминативот период градските комуналните редари и инспектори вршеа контроли и изрекуваа мерки за паркирање на пешачките и велосипедските патеки. Во периодот од 11.08.2020 со 18.08.2020 година, комуналните редари и инспектори вршеа засилени контроли на булеварот „Свети Климент Охридски“, каде изрекоа 90 мерки против лица за незаконско паркирање на пешачките површини и велосипедски патеки.

Контролите на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период на локации во сите општини во Скопје.Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило.
Мандатен платен налог со глоба во износ од 180 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот, односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на одредбата од Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата.

Оваа казна е предвидена во следните случаи ако сте паркирани на:
– на обележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од десет метри од тие премини,
– на премин на патот преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво,
– на железнички или трамвајски пруги и во близината на тие пруги, ако со тоа се спречува сообраќајот на возилата што се движат по шини,
– на крстосница и на оддалеченост помала од десет метри од најблискиот раб на напречниот коловоз,
– на мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од петнаесет метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници,
– на дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би можело да се изврши без опасност,
– на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби,
– на плоштад, пешачка зона и противпожарен пат и
– на паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано место за паркирање на возила за лица со посебни потреби.

Фото: Град Скопје

Мандатен платен налог со глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 35 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот, односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на одредбите од Законот и е паркиран:
– на дел од јавен пат, каде ширината на слободниот премин од запреното или паркираното возило до полната надолжна линија на коловозот или до некоја пречка на патот би била помала од три метри, односно до спротивниот раб на коловозот би била помала од четири метри,
– на место на кое возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци,
– на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот,
– на дел од јавен пат пред премин на пат преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво и тоа на оддалеченост помала од 15 метри од тие премини,
– на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 40 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот, односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на одредбата од Законот и е паркиран ставот.
– на велосипедска патека, односно лента,
– на тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак. Ако е дозволено паркирање, односно запирање, задолжително треба да се остави најмалку 1,6 метри ширина на површината за движење на пешаци, со тоа што таа површина не може да биде покрај работ на коловозот,
– на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај,
– пред влез во објект, двор или гаража,
– на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило.

Фото: Град Скопје

Мандатен платен налог со глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот, односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на одредбата од Законот и е паркиран
– над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или друга мрежа на комуналните претпријатија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK