Skoda постави рекорд и во време на корона кризата

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија се бори со сите можни средства против кризата во инфустријата како резултат на коронакризата. Се гледаат и малку успешни приказни. Skoda на пример претендира за пазарниот дел од 7 проценти во Германија во текот на јули. Производителот потенцира дека тоа е рекордна вредност во историјата на компанијата.

Според Skoda големиот интерес кон четвртата генерација на Octavia и големата побарувачка на моделите Kamiq, Karoq и Kodiq придонесуваат за тој успех. Чешката компанија ќерка на Volkswagen кажува уште дека новите регистрации на електрифицираните модели Citigo iV и Superb iV се зголемуваат.

Вкупно 22.084 автомобили на Skoda се новорегистрирани во целата земја во текот на јули, што го надминува резултатот од истиот месец минатата година со 8,3%. Кумулативно брендот исто така потпиша рекорд во историјата со пазарниот дел од 6,2 проценти за првите седум месеци од 2020 година – точно 0,3 процентни поени повеќе во споредба со истиот период на минатата година.

„Ефектите од пандемијата продолжуваат да постават предизвици за индустријата. Благодарение на ангажираноста и мотивацијата на нашите дилери, успеавме да ги задржиме продажбите на релативно добро ниво и на тој начин дополнително да ја рашириме пазарната позиција во Германија“, вели Франк Јиргенс, портпарол на раководството на Skoda Auto Германија.

Моделот за успех остава Octavia, која го зазеде 6. место во германската регистрациска статистика во јуни 2020 година, според производителот. Освен бензиските мотори и турбодизелите на TSI, Octavia речиси ќе се нуди и со лесни хибридни верзии и како plug in хибридна еврзија. Во дополнувањето има и Octavia Combi G-TEC, кој работи со CNG.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK