Амбасадорите на земјите членки на ЕУ решија да ги држат затворени границите за граѓаните на Македонија најмалку до крајот на август. Тоа значи дека Македонците уште цел месец нема да можат да патуваат во државите од Европската Унија.
На граѓаните од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги и македонските, нема да им биде дозволен влез во земјите од ЕУ до септември. Оваа одлука е потврдена денеска од амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што, само се потврди претходната одлука.
Иако во претходниот период одлуките за тоа кои земји остануваат вон ЕУ се донесуваа на секои две недели, денешната одлука е за период од еден месец.