Ништо од новите 8C и GTV на Alfa Romeo

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo никако да се врати на старите, славни патеки од 80-те и 90-те години на минатиот век. По неколкуте одложувања и неуспешни спроведувања на стратешките планови, се чини дека уште еден паѓа во вода.

Последните информации говорат дека Alfa Romeo се откажува од стратешкиот план усвоен минатата година откажувајќи се при тоа од моделите 8C и GTV.

Моделот 8C беше најавен за 2021 година како супер спортски автомобил, наследник на 4C. Претходно, беше најавено дека ќе бидат произведени не повеќе од илјада примероци кои ќе се продаваат по единечна цена од околу 250 илјади фунти.

И моделот GTV беше најавен за 2021 година како автомобил со одлични брзински перформанси кој ќе се базира на Giorgio платформата.

Причината за одложувањето официјално не е позната, но се шпекулира со неколку причини како недостатокот на финансиски средства и слабата продажба на актуелните модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK