Toyota го “освежи” своето лого

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota Motor Europe, европската дивизија на јапонскиот производител воведе ново лого со кое се прилагодува на новата дигитална реалност.

Станува збор за едноставно лого во 2D дизајн кое ја задржува досегашанта форма односно и натаму ја содржи Toyota Type типографијата. Истото сега е во црна боја, а достапно е и во бела и нијанса на сива, но и без придружен натпис “Toyota” кој беше со децении составен дел.

Подновеното лого ќе се користи во сите облици на комуникација, но постоечкото ќе остане и натаму да се користи на возилата на Toyota.

Со ова подновување на логото, јапонскиот производител има намера да ја потенцира новата стратегија која треба значително да го унапреди брендот, пред се во поглед на продажбата и лидерската позиција на европскиот пазар кој беше малку запоставен за сметка на американскиот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK