Hyundai има рачен менувач без квачило

ОБЈАВЕНО НА:

Со новиот модел на Venue производителот на автомобили од Кореја, Hyundai воведе уште една иновација. Овој кросовер за индискиот пазар има посебен рачен менувач кој се нарекува IMT, а истиот нема педала за квачило.

Место распоред со три педали, овој автомобил ќе има само гас и кочница, но и класична рачка на менувачот H. Значи, на возачот ќе биде само да избере степен на пренос, а другиот процес ќе биде автоматизиран и многу сличен на класичните автоматски менувачи.

Главно, најважниот дел од системот е таканаречен намерен сензор. Тој ќе предвивува промени во брзина и потоа информацијата ќе ја испрача на контролната единица на менувачот (TCU). Потоа TCU ќе го активира хидрауличниот побудувач, кој ќе ја одвои плочката на квачилото, а возачот ќе ја избере саканата брзина.

За доаѓањето на овој менувач на другите пазари засега уште нема информации. Индија веројатно ќе послужи како дестинација за тест.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK