Mercedes-Benz пркоси на кризата – веќе испорача над 1 милион возила во 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-Benz успешно и пркоси на кризата предизвикана од коронавирусот. Од почетокот на годината па се досега има испорачано вкупно 1.071.136 автомобили и други комерцијални возила.

Најголема заслуга за оваа бројка имаше порастот на продажбата остварен во Кина од 21,6%, а во истата земја пораст е забележан и во поглед на продажбата на комерцијални возила од 35%.

“Најдобриот квартал досега на Mercedes-Benz во Кина покажува импресивен раст на продажбата, по различните економски проблеми” изјави Брита Зигер, членка на управниот одбор на Daimler AG.

Пораст на продажбата и покрај кризата е забележана кај луксузните возила. Зголемување има во САД, Германија и Европа како регионален пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK