Jeep со мистериозна најава за Wrangler

ОБЈАВЕНО НА:

Jeep објави мистериозна тизер фотографија од нова верзија на моделот Wrangler JL.

Мистериозноста произлегува од самиот факт што американскиот производител немаше никаква најва за нова верзија од овој модел, а особен интерес предизвикува и ознаката 392 која се наоѓа на хаубата.

Иако нема никакви детали, американските медиуми повикувајќи се на неименувани извори од Jeep наведуваат дека станува збор за поспортска и помоќна верзија во однос на основниот модел. Тоа значи дека под хаубата ќе располага со 6,4 литарски V8 мотор кој во моментов го користи моделот Dodge Charger Scat Pack. Истиот располага со 485 КС и 644 Nm обртни моменти. Истиот во понудата ќе биде достапен со 8 степен автоматски и 6 степен мануелен менувач.

Засега не е познато кога овој модел ќе биде достапен за продажба, а ниту кога официјално ќе биде претставен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK