Роси продолжува со Petronas Yamaha до 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси потпиша договор со екипата Petronas Yamaha до 2022 година.

Оваа вест ја соопшти мото клубот во пресрет на првата трка од годинешниот шампионат која се вози на 19 јули.

Роси кој е деветкратен шампион веќе подолго време водеше преговори со оваа екипа и конечно истиот се официјализираше. Со самото тоа, Роси во најелитното мото натпреварување ќе се натпреварува и на своите 43 години.

Во моментов Роси настапува за екипата на Monster Energy Yamaha каде заедно со клуплскиот колега Маверик Вињалес возат Yamata YZR-M1. На негово место во јапонскиот тим ќе дојде Фабио Квартараро додека во новиот тим колега ќе му биде Франко Морбидели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK