Хамилтон по 89-ти пат ќе стартува од пол позиција – најбрз за ГН на Штаерска

ОБЈАВЕНО НА:

Шесткратниот светскиот првак Луис Хамилтон ќе стартува од првото место на трката за ГН Штаерска во Австрија. Поради дождот кој паѓаше, беше откажан третиот слободен тренинг, а и квалификациите тргнаа со големо одложување.

Деветти пат во последните 13 квалификации на кои имало дожд пол позицијата ја освојува Хамилтон која ја освои 89-тата најдобра стартна позиција во кариерата.

На утрешната трка утре, од првиот ред, веднаш зад Хамилтон ќе биде и Макс Ферстапен. Тој во последните минути од третата квалификациска сесија постигна најдобро време, аво последниот круг имаше извртување со кое му пропадна шансата да ја потврди пол позицјата.

Победникот од првата трка од пред една недела, Валтери Ботас го освои четвртото место. Мало изненандување е третото место на Карлос Саинц, а одлични резултати постигнаа и Окон, Норис, Албон и Гасли.

На петтот место се најде Окон а потоа следуваат: Норис, Албон, Гасли, Рикардо и Фетел. Вториот возач на Ferrаri, Шарл Леклер не успеа да влезе во третатат квалифиациска сесија и ќе стартува од 11 место.

Трката почнува утре, недела во 15,10 часот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK