По Yaris и Corolla доби Cross изведба (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Експанзијата на Toyota и натаму продолжува. Откако пред само некој месец беше претставена Cross изведбата од моделот Yaris, сега, јапонскиот производител ја претстави и Cross изведбата на Corolla.

Се базира на TNGA-C (Toyota New Global Architecture) платформата која веќе се кориси кај неколку модели на Toyota. Оттука должината изнесува 4.460 мм, широчината 1.825 мм, висината 1.620 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.640 мм. Овие димензии обезбедуваат и солиден багажен простор од 487 литри.

Во поглед на екстериерниот изглед, Cross изведба може да се каже дека нема никакви допирни точки со Corolla. Не може да се каже и дека инспириран од некој од постоечките модели.

Toyota Corolla Cross

За разлика од надворешниот изглед, внатрешноста е идентична како и основниот Corolla модел. Сите детали се идентични.

Toyota Corolla Cross

Стандардно место во понудата зазема 1,8 литарскиот бензински мотор кој продуцира 140 КС при 175 Nm обртни моменти. Хибридната верзија го комбинира овој бензински мотор со електромотор од 72 КС. Достапен е со мануелен и автоматски менувач.

Сепак, во овој модел нема да може да се радуваат Европјаните. Засега овој модел е понуден во Тајланд и околните земји каде и ќе стартува продажбата кон крајот на овој месец. Но, не се исклучува можноста овој модел да стане дел од глобалната понуда на Toyota особено поради фактот што јапонскиот производител овој назив го заштити во Канада и Австралија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK