Renault го повлече Koleos – заминува ли од понудата?

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Renault го повлече најголемиот SUV во својата понуда од Велика Британија. Koleos повеќе не може да се купи на Островот, а оваа одлука ја потврди портпаролот на Renault UK. Toj за Autocar изјави дека причините се од комерцијален карактер без да прецизира подетално.

Минатата година на територијата на Велика Британија, Renault продаде 1.007 примероци од овој модел што воопшто не е малку ако се знае дека во цела Европа продадени се 12.371 примерок.

Засега останува нејасно дали овој модел ќе биде повлечен од европската понуда на Renault и дали е дел од планот на францускиот прозиводител за намалување на дел од понудата. За потсетување, изминатите неколку месеци официјални лица на производителот изјавија дека од понудата би можело да бидат повлечени и моделите Megane и Talisman.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK