Пандемијата не и може ништо – Tesla со рекордна испорака во вториот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

Додека речиси сите автомобилски прозиводители мака мачат со продажбата, Tesla руши рекорди.

Според официјалните продажни перформанси, во вториот квартал годинава американскиот производител испорачал 90.650 примероци што е рекордна испорака кога станува збор кварталната продажба.

Поради пандемијата која го зафати целиот свет, експерите се надеваа дека во периодот од април до јуни Tesla ќе испорача не повеќе од 70 илјади примероци, меѓутоа последните резултати покажуваат надминување на оваа бројка. Споредбено и со првиот квартал годинава, Tesla забележа зголемување од нешто повеќе од 2 илјади примероци. Така во периодот од јануари до крајот на март Tesla испорача 88.400 возила.

Сега експертите ги променија своите очекувања па така во наредниот, трет квартал очекуваат испорака над 100 илјади возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK