Се продава хибрид меѓу автомобил, мотоцикл и авион (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Авто куќата од Флорида нуди редок Pulsе Аutосyсlе, од кој меѓу 1984 и 1990 година се произведени само 360 примероци. Хибридот меѓу автомобил и мотоцикл е создаден од авијацискиот инженер Џим Беде.

Каросеријата, развиена од фибростакло, ссобира двајца патници кои седат еден зад друг. Наликува повеќе на труп и потсетува на уште една креација на Беде – лесен авион Bеdе BD-5.

Автоциклот има и крила. Сепак, тие не служат за летови, туку за конзоли на 8-инчните помошни тркала, кои помагаат на возилото да одржува рамнотежа при запирање и во свиоци. Иако има четири тркала, Pulsе Аutосyсlе e рeгиcтрирaн како трицикл, тој има само три бидејќи само три од нив можат да стигнат до земјата во исто време.

Се напојува со вграден четирицилиндричен мотор од Gоldwing cо oбeм од 1.2 литри и моќност од 94 коњски сили. Комбиниран е со петстепен механички менувач. Автоциклот се продава воградчето со звучно име Хомосаса, а цената е 27.800 долари (24.753 евра).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK