Иако годинава нема да се појави во производство, италијанскиот сајт clubalfa.it кој објавува содржини поврзани со Alfa Romeo, ги објави и првите детали поврзани со Tonale.
Повикувајќи се на извори од производителот, clubalfa.it открива дека почетната цена на овој модел во САД ќе изнесува 33.000 долари.
Во однос на мотористиката, централно место во понудата ќе зазема 1.3 литарскиот бензински мотор достапен во верзии со 150 и 180 КС. Во понудата ќе се најде и plug-in хибридна изведба достапна со два бензински мотори.
Првиот, 1.3 литарски бензински мотор има вкупна комбинирана моќност од 190 КС како, а помоќниот 2.0 литарски бензински мотор располага со вкупна моќност од 240 КС.
Во продажба овој модел според очекувањата ќе се најде во втората половина на следната година.