Jaguar E-Type – автомобилот кој го посакува секој колекционер

ОБЈАВЕНО НА:

Ако се вратиме во минатото, 60-те години дефинитивно беа мошне значајни за развојот на автомобилската индустрија. Не толку поради техничкиот развој колку поради привлечниот и дизајн. Дефинитвно, на врвот на најфасцинантни автомобили на 60-те се вбројува и Jaguar E-Type, од првата моделска серија.

Произведен во Ковентри (Англија) овој модел на Јагуар претставува вистинска легенда. За прв пат се појавува во 1961 година достапен во купе и кабрио изведба со 2+2 седишта и 3,8 и 4,2 литарски XK I6 мотор.

Спроед тестовите на Autocar, максималанта брзина на овој автомобил изнесува 246 км/ч, а до 100 км/ч забрзува за 7.6 секунди. Овие перформанси беа потврдени и од Motor магазинот кој докажа дека до стотка забрзува за 0.6 секунди помалку.

Интересно е што овој автомобил најпрво бил развиен како автомобил исклучиво за извоз. Токму и поради тоа во март 1961 година започна да се произведува и веднаш дистрибуира надвор од Велика Британија. Сепак само неколку месеци подоцна, поради популарноста, овој автомобил започнува да се продава и во рамките на Велика Британија.

E-Type важи за еден од најбараните автомобили кај колекционерите. Така еден ваков модел на аукција во 2014 година достигна цена од 528 илјади американски долари, а друг во 2017 година беше продаден за вртоглави 7,7 милиони американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK