Hyundai со електричен минибус со опсег од 250 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundai Motor рашири информација за целосно новиот и прв за брендот 100% електричен минибус – County Electric, кој компанијaта го лансира на домашниот пазар.

Hyundai County Electric e со должина од 7.710 мм и ќе се нуди со конфигурација од 15- и 33- места. Во електричниот минибус е интегрирана литиум-јонска батерија со капацитет од А 128 kWh, што е доволно за изминување на околу 250 километри.

Од Hyundai велат дека при инсталација за брзо полнење (150 kW), батерискиот модел на County Electric може да биде наполнет за 72 минути, а за истата операција директно од домашна електрична инсталација (220V) е неопходно време од 17 часа.

Во однос на динамиката од Hyundai објавува дека County Electric ветува за 30% подобро забрзување во опсег од 50 до 80 км/ч во споредба со верзијата опремена со дизел моторот.

Опремата на Hyundai County Electric вклучува стабилизирачка програма, систем за помагање при стартување на нагорнини, седиште за возачот со греење и вентилација, повеќефункционален волан, пристап до внатрешноста без клуч, стартување на системот вклучително и далечински, со копче и друго.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK