J.D. Power ги објави брендовите со најмалку пријавени проблеми – Kia на врвот, Tesla на дното

ОБЈАВЕНО НА:

Американската компанија J.D. Power која од 1968 година спроведува најразлични истражувања и анализи на американскиот пазар, традиционално и оваа година ги рангираше брендовите чии автомобили имаат најмногу односно најмалку проблеми.

Изненадувачки, најмногу проблеми имаат автомобилите на Tesla. Сопствениците на автомобилите од овој бренд пријавиле 250 проблеми на 100 продадени автомобили што е далеку најлош скор.

Друштво на американскиот производител им прави Land Rover со 228 проблеми на 100 продадени автомобили што е за три проблеми повеќе од Audi. Изненадувачки, на дното се наоѓаат и Volvo (210), Mercedes-Benz (202) и Jaguar (190).

J.D. Power

Од друга страна, најмалку главоболки имаат сопствениците на автомобилите од брендот на Dodge. Тие пријавиле само 136 проблеми на 100 продадени автомобили исто колку и Kia. На делба на третата позиција се Chevrolet и Ram со по 141 проблем, еден помалку од Genesis.

Во топ 10 брендови со најмалку пријавени проблеми се наоѓаат уште и Mitsubishi, Buick, GMC, Volkswagen и Hyundai.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK