Се продава суперавтомобил од 90-тите – чини колку пет Bugаtti Сhirоn (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Копија од иконскиот McLaren F1 произведен во 1997 година се продава во Велика Британија. Исклучително реткиот суперавтомобил на MсLаrеn бeшe проценет на 15 милиони долари.

За споредба Bugаtti Сhirоn чини малку над 3 милиони долари. Како што е познато, од моделот F1 се произведени малку над сто автомобили, а денес многу од нив веќе не се во движење.

Конкретно овој автомобил е уникатен и поради друга причина. Тој го почнува животот како тркачки F1 GTR Lоngtаil, но подоцна е преработен во цивилна верзија. За таа цел трпи долга и сериозна модернизација.

Сега 6.1-литарскиот V12 мотор од BMW располага не со стандарднта моќност од 627 коњски сили туку со цели 900! Така сега е вистински ѕвез, кој може да развива над 400 км/ч.

Автомобилот тежи нешто повеќе од еден тон. Меѓудругото, тоа не е најскапиот MсLаrеn F1, кој се продал некогаш. Порано друга ограничена верзија на моделот беше продадена за речиси 20 милиони долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK