Ова се најдобрите 10 луксузни автомобили за 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Луксузните, за разлика од останатите автомобили, не се дефинираат по одличните возни својства и технологијата, туку по нивото на престиж кое го носат. Земајќи го во предвид  тоа, редакцијата на AutoCar ги избра најдобрите 10 луксузни автомобили за 2020 година.

Очекувано или не, но на оваа листа доминираат германските производители.

Листата започнува со S класата на Mercedes-Benz. За овој автомобил се наведува и дека е можеби најдобриот на светот нудејќи одлично искуство на сопствениците. На листата има место и за британската гордост Range Rover. Оваа четврта генерација е револуционерна по многу работи, па дизајнот, технологијата и задоволството кое го нуди овој модел го сместува со право на оваа листа.

Новиот електричен E-tron Quattro на Audi исто така се најде на оваа листа поради самиот карактер на премиум електричен автомобил, но и поради одличните перформанси во поглед на автономијата. Неговиот конкурент, Tesla Model S исто така се најде на оваа листа. Продажбата на овој автомобил во континуитет бележи раст, а престижот на самиот бренд Tesla прави да овој автомобил се најде на оваа листа.

А8 е вториот модел на Audi кој се најде на оваа листа. Напредната технологија и комфорноста е причината за тоа. Поради истата причина на оваа листа се најде и Jaguar XJ кој е вториот британски автомобил на оваа листа.

Доминацијата на BMW на оваа листа ја сочинуваат моделите од серија 6 Gran Turismo, серија 7 и X7.

Единствен азијски претставник на оваа листа е Lexus LS.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK