И Fiat ќе има „дизелгејт“: Американците покренаа тужба против италијанската фирма

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на САД покренала тужба против Fiat Chrysler поради мамење на тестовите за емисија на издувни гасови на камионетите и теренските возила, како и моделите на Jeep со дизелски мотори. Тужбата е поднесена од Министерството за правда, и ова е втора од страна на САД кон некој производител тврдејќи дека во компјутерите во возилата постои софтвер што им овозможува на тестирање на емисијата на издувни гасови кога има технички преглед да се испушта помало загадување.

Лани државата за мамење на тестовите го обвини Volkswagen и тие ја признаа вината, и досега тој скандал ја чини компанијата повеќе од 20 милијарди долари.
Во најновиот случај дражавата тврди дека FCA вградила осум „функции на база на софтвер“ во дизелските мотори во речиси 104.000 камионети Ram и Jeep Grand Cherokee произведени од 2014 до 2016 година. Тој софтвер овозможува моторот да испушта помалку штетни материи во тек на тестирање во нормални услови на возење.

Трилитарскиот мотор на FCA кога е на пат испушта многу повеќе азот оксид од дозволеното, се наведува во соопштението на државната агенција за заштита на околината. Кога бил побаран атест за тие возила за да може истите да се произведуваат и продаваат не бил пријавен овој сосфтвер што се вградувал. Тој уред агенцијата го нарекла „уред за надминување“ бидејќи моторот го менува начинот на работ која истото е на пат и во сервисна лабораторија на испитување.

Во тужбата се бара граѓанско правна казна што може да достигне и до 4 милијарди долари, како и судска забрана за FCA да ги произедува и продава возилата со тој сосфтвер.

Италијанско-американскиот производител изјавил дека е разочаран од покренувањето на тужба, бидејќи со месеци соработувале за да се разјаснат сите нејаснотии. FCA тврди дека тие не го инсталирале софтверот со намера да мамат на тестирањата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK