Golf R останува без конкурент – ништо од Focus RS

ОБЈАВЕНО НА:

Специјализираниот сајт за автомобилизам Caradisiac повикувајќи се на интерни извори објави дека Ford нема да ја лансира RS верзијата на моделот Focus.

Иако подолго време се шпекулираше за лансирањето на оваа верзија сепак американскиот производител се откажа од оваа идеја.

Причината за тоа лежи во неисполнувањето на строгите регулативи во поглед на издувните гасови. Според новата регулатива, овој модел треба да испушта не повеќе од 95 грама јаглерод диоксид на 100 км, нешто што се чини дека е невозможно.

Ова практично значи дека R верзијата на Golf нема да добие директен конкурент. Засега Ford и натаму во Европа ќе ја продава ST верзијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK