Volkswagen не сака да го објави извештајот за Дизелгејт

ОБЈАВЕНО НА:

Германската компанија Volkswagen ангажираше независна агенција која требаше да направи ревизија по избивањето на аферата Дизелгејт. Но, наместо истиот јавно да биде објавен пред инвеститорите, раководните лица одбија истиот да биде достапен. Објаснувањето е дека тоа не може да го стори поради правни причини.

Претседателот на компанијата Ханс Дитрих Поеш изјавил за време на годишниот состанок со околу 3.000 акционери дека завршниот извештај не може да биде објавен и побарал „разбирање“.
Претходно компанијата вети дека ќе ги извести акционерите за заклучоците од извештајот, што е користен како основа за договор со американското Министерство за правда вреден 4,3 милијарди долари.

Според Поеш овој извештај веќе бил презентиран низ материјали што ги објавило Министерството за Правда, и дека ништо повеќе од ова не може да се објави.

Volkswagen се најде во проблеми откако кон крајот на 2015 година призна дека во своите автомобили со дизелски мотори се вградувале софтвери кои ги намалувале вредностите на испуштениѕе гасови во текот на тестирањата.

Досега компанијата треба да плати околу 25 милијарди долари само за отштета на купувачи во САД, на државни институции и независни агенции.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK