Ако во текот на минатата година некои американски медиуми тврдеа дека Илон Маск е пред банкрот, сега сликата е сосема друга – тие пишуваат дека неговото богатство е се поголемо и поголемо.
Според податоците на американскиот магазин Форбс, вкупното богатство на Илон Маск се проценува на 22,3 милијарди американски долари што го рангира на 40. позиција на најбогати луѓе во светот.
Големо влијание врз порастот на богатството има и порастот на вредноста на акциите. На почетокот на годинава акциите на Tesla достигнаа најголема цена па така, според бројот на акции кои ги поседува, богатството на Маск се зголеми за 2 милијарди долари.
Само поседувањето на акциите на Tesla од 22%, на Маск му го носи половина од неговото богатство, а тој поседува акции и во други американски компании.