Неповолна 2019 година за Renault Групацијата. Ова е краткиот заклучок кој може да се донесе по сумираните продажни перформанси.
Оваа Групација во текот на миантата година на глобално ниво испорача 3.753.723 возила што претставува пад за 3,4% односно 130.550 возила споредбено со претходната, 2018 година.
Брендот Renault забележа пад од 8,4%, додека пак Renault Samsung Motors од 6,9%. Единствено, Dacia забележа пораст на продажбата за 5,1% продавајќи 736.570 возила.
Се чини дека најголемо влијание врз овие резултати, покрај воведувањето на строгите регулативи за издувните гасови, имаше и скандалот поврзан со поранешниот прв човек на Групацијата, Карлос Гон како и затегнатите односи со Nissan кој е дел од Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата.