Во април завршува производството на BMW i8

ОБЈАВЕНО НА:

По шест години активно производство, BMW одлучи моделот i8 да се пензионира во април годинава. Се чини најголема причина за оваа одлука е слабата продажба. И покрај одличниот, привлечен дизајн, годишната продажба се движеше околу 3 илјади примероци.

Производството на овој модел започна во 2014 година во Лајпцих откако претходно, во 2011, 2012 и 2013 година беа претставени три концепти како предвесници на овој електричен автомобил.

Во декември минатата година, компанијата го произведе јубилејниот 20 илјадити примерок од овој модел.

Како “духовен” наследник, на M1, засега нема информации дали германскиот производител ќе се лансира нов модел, наследник на i8.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK