Mercedes ќе повлекува 744.000 автомобили – еве што е причината

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-Benz во наредниот период ќе го направи едно од најголемите повлекувања на возила во поновата историја на производителот. Како што пренесуваат американските медиуми, од САД ќе бидат повлечени околу 744 илјади возила.

Станува збор за возила од класите C, CLK, CLS и E, произведени и испорачани во САД во периодот од 2001 па се до 2011 година.

Причината за ова големо повлекување лежи во аномалија на сончевиот кров. Како што се наведува, во одредени случаи може да се појави одвојување на стаклото на кровниот прозор поради што може да се појават непосакувани последици.

Германскиот производител бесплатно ќе ги фиксира сите овие возила, а оние сопственици кои тоа во изминатиот период го направиле на сопствен трошок ќе добијат соодветни надоместоци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK