Британскиот телевизиски сервис BBC го објави трејлерот од новата, 28 сезона од специјализираниот телевизиски магазин за автомобилизам Top Gear.
Според трејлерот, во новата сезона не очекуваат бројни лудории и адреналински потфани на екипата на Top Gear.
Италија, Англија, Швајцарија и други локации во САД, Јужна Америка и Африка се местата каде се снимаат новите епизоди, а покрај супер спортските и класични автомобили, во новата сезона ќе се појават и формули, авиони, хеликоптери…
Првата епизода од овој култен ТВ магазин беше емитувана на 20 октомври 2002 година на BBC. Овој магазин тогаш беше инспириран од истоимениот ТВ магазин од 1977 година, а веќе во првата сезона предизвика одличен интерес кај телевизискиот аудиториум.