Нова давачка за загадувачите: Колку помоќен автомобил толку поголем данок

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето на автомобил од следната година во Франција ќе биде дополнително регулирано. Секако, ако имате пари ќе можете да купите било каков, меѓутоа одредени автомобили ќе бидат дополнително оданочени.

Законот кој стартува на сила од 1 јануари предвидува да автомобилите опремени со помоќни мотори кои емитираат и поголемо ниво на CO2 да бидат дополнително оданочени.

Според новиот закон, автомобилите кои емитираат повеќе од 184 г/км јаглерод диоксид ќе плаќаат дополнително до 20 илјади евра. Истовремено, скалесто, во наредните години ќе се намалуваат и субвенциите за купување на нови автомобили.

Од следната година на сила стапува и измената на одлуката според која оние кои планираат да купат електричен автомобил поскап од 60 илјади евра нема да добијат бонус односно субвенции. Истите остануваат за автомобили чија продажна цена е под 60 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK