Нема електричен модел од Ferrari пред 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај сите напори во компанијата Ferrari нема да бидат подготвени за првиот целосно електричен модел до 2025 година, а причина за тоа е потребата на технологијата на батериите за повеќе време за развој. Тоа го вели главниот извршен директор Луј Камилери, кој ги одложи очекувањата.

Производителот на луксузни автомобили планираше да произведе целосно електричен автомобил откако ќе заврши сегашниот план за производство до 2022 година. Аналитичарите велат дека таков модел не се очекува пред 2023 година, но последните коментари, пак, потврдуаат дека реалниот старт ќе биде одложен.

„Технологијата на батериите уште не е таму каде што треба да биде. Сè уште има важни проблеми во однос на автономноста, како и во однос на брзината на полнење. Електричен модел ќе има и ќе го пуштиме сигурно, но нема да биде во краткорочен план туку после 2025 година“, изјави Камилери за време на ручек во Centro Stile во фабриката на Ferrari во Маринело.

Тој вели и дека Ferrari „со сигурност“ ја испитува можноста за создавање на целосно електричен автомобил Grand tourer (GT), но и дека ќе се придржуваат до хибридени автомобили во „догледна  иднина“.

Претходно годинава компанијата го претстави SF 90 Stradale, првиот хибриден автомобил во сериско производство. Ferrari сака 60% од автомобилите продавани до 2022 година да бидат хибриди.

Камилери вели дека групата размислува и за алтернативни технологии за своите автомобили вклучувајќи ги и оние на водород и биогорива.

„Разгледуваме различни мотори и се обидуваме да видиме како би било најефикасно и ефективно во однос на тоа, кое е наше гледиште за автомобилите на Ferrari во иднина“ вели тој.

Минатиот месец Ferrari ја зголеми прогнозата за основните приходи до 1,27 милијарди евра и најави дека очекува одлично претставување во 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK