Аеродромот во италијанскиот град Болоња, именуван по изумителот и инжинерот Гуљиелмо Маркони, доби нов “Follow-Me” автомобил.
Станува збор за моделот Lamborghini Huracan LP 580-2 кој веќе беше претставен за јавноста и веднаш беше вклучен во служба на аеродромот.
Овој специјално прилагоден супер спортски автомобил, располага со 572 КС и 540 Nm обртни моменти. За тоа се грижи 5,2 литарскиот V10 мотор кој меѓудругото овозможува забрзување до 100-ка за само 3,4 секунди.
Несомнено е дека овој автомобил ќе си ја извршува својата задача прописно, а сигурно адреналинска возбуда ќе имаат сите оние кои ќе го возат.