Во која земја се произведуваат најмногу автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Верувале или не, но во Германија, а ниту во САД не се произведуваат најмногу автомобили. Последните статистики покажуваат дека во Кина се произведуваат најголем дел од автомобилите.

Во оваа азијска земја каде се продаваат и најмногу нови автомобили, годишно се произведуваат 24,8 милиони нови автомобили. Со оваа бројка, Кина е убедливо на првата позиција.

На втората позиција со произведени 8,3 милиони автомобили се наоѓа Јапонија, додека Германија е рангирана на ретата позиција со 5,6 милиони возила. На четвртата позиција се наоѓа Индија, со 3,9 милиони автомобили додека најдобрата петорка ја сочинува уште и Јужна Кореа со 3,7 милиони автомобили годишно.

Во топ 10 земјите најголеми производители на автомобили се наоѓаат уште и САД, Шпанија, Бразил, Мексико и Франција. Интересно, Италија со годишно производство од 742.642 автомобили се наоѓа на 20-та позиција на листата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK