VW подготвува четири нови SUV возила за Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen планира голема експанзија на својата понуда на брзорастечкиот индијски пазар. За таа цел во наредните две години ќе претстави дури четири нови SUV модели, стои во соопштението на германскиот производител.

“Volkswagen Групацијата ќе инвестира околу 1,1 милијарда американски долари до 2022 година во Индија, вклучувајќи и во центарот за истражување и развој во Пуне” изјави директорот на Volkswagen India, Штефен Кнап.

Засега не се открива за тоа какви SUV модели ќе бидат претставени, но се очекува истите да бидат ценовно конкурентни и прилагодени на стандардот во Индија, а при тоа ќе ја следи групациската дизајнерска филозофија.

Во моментов, понудата на Volkswagen во Индија е составена од бројни нискобуџетни автомобили како што се моделите Polo, Vento, Ameo, но тука е и Passat и Tiguan.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK