Кои се најлошите градови за возење?

ОБЈАВЕНО НА:

Анализа направена на ниво на целиот свет од страна на Mister Auto за 2019 година за прашањето во кои градови возењето е најнебезбедно, каде е најлошо да се вози, но и каде има најмногу „луди возачи“?

Како што пишува Sky News на прво место во категоријата најдобри градови во светот за восење се наоѓаат Калгари во Канада, а потоа следуваат: Дубаи (ОАЕ), Отава (Канада), Берн (Швајцарија) и Ел Пасо (САД).

За градови во кои не би можеле да уживате зад воланот бидејќи се прогласени за најлоши се: на прво место Мумбаи во Индија, а потоа доаѓаат Улан Батор (Монголија), Калкута (Индија), Лагос (Нигерија) и Карачи во Пакистан.

На листата исто така се и градовите со вазачите кои сакаат да даваат премногу на гаста и да се тркаат низ градските улици или, пак, само премногу диво возат. На прво место во Улан Батор во Монголија, а потоа следуваат главниот град на Русија, Москва, Карачи во Пакистан, Калкута во Индија и Лагос во Нигерија.

Ова истражување предвид ги има земано и бројот на автомобили по глава на жител, трошоците за гориво, квалитетот на воздухот и јавниот превоз.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK