Првиот целосно електричен автомобил на Porsche, моделот Taycan немаше маки на краш тестот на Euro NCAP, освојувајќи при тоа максимални пет ѕвезди.
Со скор од 85%, Taycan најдобро се покажа во однос на безбедноста на возачот. Следи безбедноста на децата каде оствари скор од 83%.
Во однос на безбедносната асистенција на возачот, Porsche Taycan оствари скор од 73% додека најслабо помина во однос на безбедноста на пешаците каде оствари скор од 70%.
Сепак, моделите на Tesla, моделот X и 3 се за нијанса побезбедни во однос на Taycan, особено во поглед на безбедноста на возачот каде овие два автомобили имаат скор од 98 однсоно 96%.