Од Porsche 918 па се до најразлични модели на Lamborghini, Bugatti, Ferrari. Тоа е она што може да најдете во некоја од гаражите на полицијата во Дубаи.
Во истите тие гаражи наскоро би можел да се се најде и најновиот модел на Tesla, Cybertruck. На интернет веќе се појави рендер од ова полициско возило, а истото го објави полицијата во Дубаи на својот Twitter профил.
ArabianBusiness, повикувајќи се на Абдула Калифа ал Мари, објави дека ова возило ќе патролира во близина на најпопуларните туристички зданија како што се Ла Мер, Бурџ Калифа, булеварот Шеик Мохамед бин Рашид итн.
Производството на овој модел ќе започне во 2021 година па оттука и полицијата во Дубаи ќе може да го користи ова возила за нешто повеќе од една година.